fbpx
logo

Програма на УСАИД за борба против корупција

platforma bpk

ИДСЦС е еден од партнерите на Македонскиот центар за меѓународна соработка во имплементација на Програмата за борба против корупција финансирана од USAID. Целејќи кон Македонија ослободена од корупција, програмата вклучува активности и проекти насочени кон зголемена информираност и знаења на граѓанските организации и граѓаните   за барање повеќе отчетност кај институциите како и придонесување кон нивен повисок интегритет. Заедно со ИДСЦС, партнери на МЦМС се Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Транспарентност Македонија. Имплементацијата на проектот започна на 1.јануари 2013. година и ќе се имплементира до 30.септември 2016. година. Вкупниот буџет изнесува 32.370.000 денари.

Покрај многуте активности, ИДСЦС директно ги имплементира следниве активности:

  1. Изработка на проценка на ризици од корупција со четири институции во областите здравство и образование
  2. Обука на студенти и млади новинари за теоретските аспекти на корупцијата како и за истражувачки алатки за новинарите
  3. Поттикнување на студенти и млади новинари за изработка на истражувачки стории за корупција
  4. Доделување награда за најдобра истражувачка сторија
  5. Планирање и воспоставување на платформа на граѓански организации за борба против корупција.

https://www.usaid.gov/branding/resources#downloads

Настани поврзани со проектотwrapper-centres

[zad_blog blog_style=”masonry” display_cat=”programa-na-usaid-za-borba-protiv-korupcija” enable_filter=”off” items_per_page=”10″ blog_excerpt_length=”20″]

Поврзани објави