logo

Извештај од набљудување на медиумското известување за работата на Собранието (август – октомври 2016)

Share on facebook
Share on twitter
Cevrt izvestaj mediumi
Cevrt izvestaj mediumi
Институтот за демократија преку проектот „Собранието под лупа“ работи на исполнување на својата мисија за поддршка на развојот на демократските процеси преку промоција на креирање на политики базирани на истражување, анализи и консултација со засегнатите страни. ИДСЦС смета дека е многу важно медиумите да информираат што е можно подетално за работата на Собранието. Тоа е еден од најдобрите начини како граѓаните на Македонија би имале увид во работата на нивните претставници.
Меѓутоа, во последниот набљудуван период кој ги опфаќа последните 4 месеци од работата на последниот парламентарниот состав (август – октомври 2016) известувањето од дебатите на пленарни седници се спушти на најниско ниво (6%) споредено со претходните периоди на набљудување септември – декември 2015, јануари – 6 април 2016 и 7 април- 31 јули 2016.
Во најголем процент од објавените информации (32%) Собранието  само се спомнува во контекст на политичките односи во државата, а не поради случувањата во него.
Медимското внимание намјмногу го доби дискусијата за извештајот на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, потоа за расправите за невремето и начинот на кој државните служби се справуваа со последиците, за на крај фокусот да се сврти кон дискусијата за Буџетот за 2017 година.
Најчесто консултирани извори во објавените информации се пратениците, нивната застапеност е повисока споредено со претходниот набљудуван период. На второ место според застапеноста се политичките партии, а потоа институциите.
Најбљудуваните медиуми почесто објавуваа информации во кои се застапени пратеници само од една политичка опција (55%), наместо информации во кои се застапени истовремено пратеници и од власта и од опозицијата (45%).
Притоа почесто објавуваа информации во кои се застапени само извори од опозицијата (30%) наспроти мнозинството (25%).
Коха објави севкупно најмногу информации (23%) во кои се спомнуваат Собранието и пратениците или се однесуваат на работата на парламентот. На второ место во овој период е Утрински весник (15%), а трет е Слободен печат (14%).
Телевизијата „Алсат-М“ најчесто објавуваше информации во кои истовремено се застапени пратеници од двете политички опции (100%). Пратеници од двете политички опции во парламентот се застапени и во поголем дел од информациите објавени и од телевизијата „Телма“ (57%) и од „МТВ2“ (75%). Во 57% од информациите објавени на телевизијата „Сител“ извори се пратеници само од опозицијата. Во весникот „Вечер“ во 50% од случаите извори се само пратеници од мнозинството, додека во весникот „Слободен печат“ во 50% од случаите извори се само пратеници  од опозицијата.
Во прилозите на Алсат-М (56%) фокусот најмногу беше на дебатите во Собраниските комисии. Информациите на Сител (57%) беа најмногу фокусирани на изјавите на пратениците за други случувања, додека  прилозите на Телма (58%) најчесто се фокусираа генерално на работата на Собранието.
Препораки:
Препoраките кои произлегуваат од досегашното следење и набљудување на медиумското известување за работата на Собранието се дека медиумите  можат значително да придонесат кон поинформирана јавност ако:
• Ако се посвети повеќе внмание на известувањето за темите кои се на дневен ред во Собранието како и од аргументите и дискусиите со кои пратениците ги образложуваат и бранат своите позиции;
• Ако медиумите почесто се насочат кон анализа на ставовите кои пратениците ги изнесуваат во дискусиите;
• Почесто да се обидуваат во своите извесувања околу една тема да пренесуваат истовремено ставови од пратеници и од мнозинството и од опозицијата и доколку не успеат да обезбедат изјава или став од пратеници тоа да не пропуштат да го наведат во своите извештаи;
• Да овозможат изнесување и да пренесуваат и ставови од помалите пратенички групи во Собранието;
• Почесто да консултираат извори од граѓанското општество;
• Почесто да ја информираат јавноста за содржината на темите кои се ставени на дневен ред во Собранието.
Целосните извештаи се достапни на следните линкови на македонски и албански јазик:
Повеќе информации за проектот „Собранието под лупа“ и за извештаите од набљудувањето на квалитетот на собраниската дебата и на медиумското известување се достапни на следниот линк:

Поврзани објави