logo

Анкета: Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост

Share on facebook
Share on twitter
  • Повеќе од половина од граѓаните (51,9%) сметаат дека економската состојба на  државата се движи во негативна насока, 27,3% сметаат дека стагнира, додека само 14,5% сметаат дека се движи во позитивна насока.
  • Најголем дел од граѓаните (32,3%) сметаат дека во Македонија е многу тешко да се најде работа, односно ја даваат најниската можна оцена 1, која означува многу тешко. Потоа 29% ја даваат следната оцена по тежина 2, 24,9% ја даваат средната оцена 3. На позитивната страна од оската, со оцените 4 и 5, само 8,7% од граѓаните ја оцениле можноста за наоѓање работа.
  • Во најголема мера (40,9%) најпреферирано работно место на граѓаните им е во државна институција, следено од опциите вработен во приватна компанија и сопствен бизнис, соодветно со по 27,9%, односно 27,8%.
  • Две третини од граѓаните сметаат дека невработените не можат да се вработат бидејќи тешко се наоѓа работа, наспроти една третина кои сметаат дека може да се најде работа доколку се потрудат повеќе.
  • Во однос на тоа дали граѓаните се чувствуваат способни за започнување на бизнис 31,3% одговориле позитивно, односно сметаат дека ги имаат потребните заења и искуства за таа цел, додека пак значително помал е процентот на оние кои сметаат дека имаат соодветни средства за започнување на бизнис, истиот изнесува 12,6%. Дополнително, доколку ги разгледуваме податоците според родовата припадност на испитаниците, се забележува поголема доверба кај машката популација. И тоа, 37,8% од машките испитаници сметаат дека ги имаат потребните знаења и искуства наспроти 24,6% од женските испитаници.
  • Најголем дел од граѓаните, или 36%, сметаат дека државата недоволно се залага за социјално загрозените, 30,1% сметаат дека донекаде се залага, 19,9% дека воопшто не се залага, а само 6,4% сметаат дека многу се залага
  • Високи 74,4% сметаат дека државата е потребно да одвои повеќе средства од буџетот за поддршка на социјално загорозените, но на прашањето дали се спремни да одвојат повеќе средства од сопствените средстваа за таа цел, процентот на граѓани кои одговориле позитивно се намалува на 36,6%.

Целосниот извештај од истражувањето на јавното мислење е достапен на следниот линк:

Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост

Анкетата е спроведена во рамки на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ е финансиран од Европската Комисија.

Општата цел на проектот е унапредување на социјалната вклученост преку зајакнување на капацитетот на локалните чинители. Притоа, да се зајакнат капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејсности (ЗСД), Центрите за социјална работа (ЦСР), како и граѓанските организации (ГО) кои работат во полето на социјална заштита, и да се развијат иновативни програми за социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите.

Поврзани објави