Во периодот од 29 август до 1 септември 2016 во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во Охрид се одржа работилница за развивање на анкетен прашалник во склоп на научно-истражувачкиот проект „ИНФОРМ: Намалување на јазот помеѓу формалните и неформалните институции на Балканот“.

Работилницата во Охрид беше ориентирана кон создавање на методологија за истражувањето за проектот, со конкретен фокус на изработка на прашалник за регионално теренско анкетно истражување кое во фазата на собирање на емпириски податоци ќе се спроведе во Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Прашалникот  е креиран да допринесе кон собирање на податоци за неформалните институции во Балканот во три генерални области: политика, економија и секојдневен живот.

tekst

Како дел од мрежата ИНФОРМ на работилницата учествуваа преставници од шест организации: ИДСЦС (Македонија), Центарот за емпириски културни студии на Југо-источна Европа (Србија), Центарот за историски и антрополошки истражувања (Албанија), Центарот за применети интердисциплинарни општествени истражувања  (Босна и Херцеговина), Институт за етнологија и фолклорни истражувања (Хрватска), Социјални истражувања Косово (Косово), и два универзитети, Универзитетски колеџ Лондон (Велика Британија) и Универзитетот од Марибор (Словенија).

Научно-истражувачкиот проект ИНФОРМ: Намалување на јазот помеѓу формалните и неформалните институции на Балканот“, ИДСЦС го спроведува како дел од конзорциумот на универзитети и организации предводени од Универзитетскиот колеџ Лондон, проект што е дел од програмата на Европската Унија, ХОРИЗОНТ 2020.

p3

p4

p5