Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје го спроведува проектот „Градење на капацитетите на мрежата ИНФОРМ“ кој има за цел да ги зајакне истражувачките и раководните капацитети на организациите и индивидуите вклучени во мрежата на општествени науки на Југоисточна Европа во меѓународниот научен проект ИНФОРМ: Намалување на јазот помеѓу формалните и неформалните институции на Балканот.

Проектот е финансиран преку Програмата за промоција на регионалното истражување на Западен Балкан (RRPP) и е спроведен во партнерство со Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа од Србија, Социјално истражување на Косово од Косово и Центарот за историски и антрополошки истражувања од Албанија. Проектот ќе биде спроведен од јуни до ноември 2016 со вкупен буџет од 18.245 евра.

Проектот „Градење на капацитетите на мрежата ИНФОРМ“ ќе вклучи 12 млади истражувачи (докторанди, студенти на мастер студии) во работата на овие четири организации преку програмата на платена пракса, набавување на нова опрема потребна за реализација на големи проекти и неопходна за вклучување на млади истражувачи во активностите на организациите, меѓународно вмрежување и вклучување на нови истражувачки организации во мрежата на општествени науки на Југоисточна Европа со цел зајакнување на мрежата и аплицирање на нови истражувачки проекти.

Зајакнувањето на истражувачките и раководните капацитети ќе биде спроведено преку четири работилници. Темите на работилниците ќе бидат ЕУ проектен менаџмент, техники на етнографско истражување и методологија на студии на случај, квалитативна методологија и квалитативна анализа на податоци (интервјуа и анализа на податоци со користење на софтверот QDA) и квантитативна методологија и квантитативна анализа на податоци (со фокус на анкети и анализа на податоци со користење на SPSS и софтверот SPAD).

Events connected with the project