sednica anketna

Од 1 септември до 30 ноември анализирани се 1660 дискусии од 51 различна точка од дневниот ред кои се однесуваат на темите владеење на право, човекови права и слободи и јавни финансии.

Враќањето на опозицијата го засили интензитетот на дискусиите и се зголеми интеракцијата меѓу пратениците од различните политички блокови во парламентот што се забележува преку процентот на реплики и контрареплики. На реплики отпаѓаат најголем дел од анализираните случаи – 75%.
Опаднат е степенот на аргументираност на дискусиите споредено со претходниот набљудуван период. Сега најзастапени се дискусиите без никакво образложение на позициите. На второ место се дискусиите со еден аргумент, потоа следат дискусии во кои образложението на позициите е слабо. Дискусиите во кои пратениците изнесуваат по два и повеќе од два аргументи се најмалку застапени во набљудуваниот период.

Поголем дел од дискусиите на набљудуваните седници се изнесени од страна на опозициски пратеници – 55%, а помал од страна на пратеници од владејачкото мнозинство – 45%.

Константна останува затвореноста на пратениците за туѓите аргументи и можноста за менување на својата позиција. Забележани се само три случаи на укажување од страна на пратеници дека ќе ја променат својата позиција поради аргументи изнесени од пратеници од друга политичка опција споредно со претходниот набљудуван период јуни 2014 – мај 2015.

Kон аргументите и личноста на своите противници пратениците во поголем дел немаа вредносни оценки, а во помал дел искажуваа почитување.
Пратениците од мнозинството и од опозицијата скоро во еднаков процент не одговорија директно на аргументите и прашањата кои беа упатени до нив, туку само делумно, а делумно упатените аргументи ги игнорираа или ги извртеа.

Пратениците од опозицијата почесто директно ги адресираа аргументите кои им се упатени од страна на други пратеници, а пратениците од власта почесто целосно ги игнорираа аргументите кои им беа упатени од други говорници.

Целиот извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот септември – ноември 2015 е достапен на следниот линк mk al.

Вака изгледа семантичкиот облак од најкористени зборови во говорите на пратениците на пленарните седници на Собранието во периодот септември – ноември 2015 година.

Semanticki oblak prv kvartal

На слениот линк можете да ги погледнете материјалите од претходниот циклус на набљудување на собраниските дебати во периодот од јуни 2014 до мај 2015 година https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa .