sobranie plenarna

Во три наврати во изминативе години (2008, 2010 и 2013) парламентарните политички партии изгласаа измени во Деловникот на Собранието со кои значително се ограничува правото на дискусија на пратениците. Овие ограничувања подеднакво се однесуваат на
времетраењето на говорните акти, но и на нивната фреквенција, а опфаќаат ограничувања, применливи и на пленарните и на комисиските расправи. Со тоа, се создаде состојба на екстензивна регулација која во голема мера влијае на квалитетот на дискусијата во Собранието, но и на можностите на законодавниот дом ефективно да ја врши улогата на контролор врз работата на извршната власт. Согласно воочените слабости, овој бриф за јавни политики предлага повеќе препораки за подобрување на деловничките решенија.

Препораките имаат за цел да ги зголемат можностите за контрола на работата на Владата од страна на Собранието, како и можностите за контрола на законските решенија кои еднострано се поднесуваат од страна на Владата и пратениците од парламентарното мнозинство. При дефинирањето на препораките, предвид е земено и искуството од Парламентот на Република Словенија.

Целиот краток документ на јавна политика на Јован Близнаковски е достапен на следниот линк mk al en