denar2bn

Во услови на бојкот од вкупно 38 пратеници (од вкупно 123) главното прашање кое се отвора е флексибилноста на Деловникот за работа на Собранието која треба да биде во функција на јавниот интерес. Поради бојкотот на СДСМ и ДПА, времето кое беше алоцирано за позицијата во дебатата за Буџетот 2015 година беше ограничено според бројот на пратеници кои го прифатија мандатот. Меѓутоа, јавниот интерес е во Собранието да биде изразен опозицискиот став онолку колку што опозицијата добила поддршка од гласачите. Јавниот интерес делумно би бил задоволен доколку присутните опозиционери добиле поголема минутажа.

Оттука, начинот на кој се одредува минутажата за говор во Деловникот мора да биде флексибилен и да биде повеќе базиран на распоредот на гласови од изборите отколку врзан со пратеници. Тоа не само што надоместува за јавниот интерес во услови на бојкот, туку, во нормални услови на работење, овозможува повеќе време за активните пратеници кои би го пополниле ослободениот простор кој го оставаат помалку активните.

Друг проблем во собраниската дебата е „дијалогот на глуви“ . Говорите на пратениците најчесто немаат референца кон аргументите на соговорниците, ниту пак се случува да ја променат позицијата поради силен аргумент од другата страна. Ова тело треба да претставува форум каде се среќаваат мнозинството и опозицијата и разменуваат идеи, аргументи, критики и препораки. Во таа смисла, политичкиот процес на таквата размена треба да резултира и со прилагодување во некоја мера.

На следниот линк прочитајте го целиот краток документ на јавна политика на Миша Поповиќ mk al en