calendar

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС), во рамки на проектот „Агора сесии – практикување на партиципативно креирање политики“, воведува електронски Календар на јавни политики.

Календарот на јавни политики има за цел да овозможи лесен преглед на настаните и динамиката долж целиот циклус на јавна политика во областа „владеење на право“ и во областите кои се поврзани со истата. Календарот ќе биде корисен за граѓанските организации и експерти кои учествуваат во активности на застапување, како и за другите чинители кои учествуваат во процесите на креирање политики. Заинтересираните ќе имаат можност да го следат изработувањето на прописите низ повеќе фази, од кои како позначајни ги издвојуваме: почеток на процес за подготовка на пропис преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР, https://ener.gov.mk/), закажани јавни консултации во рамки на процес на подготвување на пропис (владина процедура), затворање на процес за подготовка на пропис преку ЕНЕР, пленарни и комисиски седници на Собрание каде се дискутираат релевантни прописи, јавни расправи/дискусии во Собранието итн. Дополнително, во календарот ќе се внесуваат и настани кои ги организираат граѓанските организации во областа „владеење на право“, за која цел ги повикуваме граѓанските организации навремено да не информираат за истите.

Календарот на јавни политики е достапен на интернет страната на ИДСЦС (https://idscs.org.mk/); и како Google calendar, на кој заинтересираните може да се регистрираат и со тоа да добијат преглед до објавените настани преку нивниот личен Google calendar. Во продолжение ги наведуваме чекорите за регистрирање на Календарот на јавни политики:
1.    Во Вашиот прелистувач отворете  Google Calendar (https://calendar.google.com/);
2.    На левата страна, најдете ја опцијата „Other calendars“ и кликнете на стрелката за надолу;
3.    Селектирајте Add by URL;
4.    Во полето кое ќе се отвори внесете ја адресата на Календарот на јавни политики: https://calendar.google.com/calendar/embed?src=0vlcvt07krpi1hfenq8diplqds%40group.calendar.google.com&ctz=Europe/Prague ;
5.    Одберете Add calendar. Календарот ќе се појави на левата страна, под „Other calendars“.

Забелешка: Може да бидат потребни 12 часа за да се прикажат промените во Вашиот личен Google calendar. За да можете да се регистрирате на Календарот на јавни политики, неопходно е да имате Ваш личен Google account.

Дополнително, лицето може да одбере да добива известувања на својата електронска адреса за секој нов настан или да одбере да има преглед само на дневната агенда. Ова се чекорите потребни да се направат таквите подесувања:
1.    Во Вашиот прелистувач отворете  Google Calendar (https://calendar.google.com/);
2.    Во горниот десен агол појдете на Settings и одберете Calendars;
3.    Селектирајте го Календарот на јавни политики и одберете Edit notifications;
4.    Обележете ги опциите кои сакате да ги имплементирате и кликнете Save.

Календарот можете да го увезете и во други платформи за календар, како на пример Outlook, користејќи го следниов линк: https://calendar.google.com/calendar/ical/0vlcvt07krpi1hfenq8diplqds%40group.calendar.google.com/public/basic.ics

Информациите за настаните кои ќе се објавуваат на Календарот на јавни политики ги црпиме од неколку извори: ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (https://ener.gov.mk/), веб страната на Собрание на Република Македонија (http://sobranie.mk/), како и од поканите за настани и консултации кои ќе пристигаат до Институтот за демократија од граѓанскиот сектор и од државните институции.

Имплементирањето на Календарот на јавни политики е поддржано од Британската амбасада во Скопје, во рамки на проектот „Агора сесии – практикување на партиципативно креирање политики“. Повеќе информации за проектот „Агора сесии“ може да прочитате на следниов линк: https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/81-agora-sesii/636-agora-sesii