logo

Собранието под лупа: Извештај од мониторинг на дискусија за измени на Закон за високо образование

studentski-marsh
Share on facebook
Share on twitter

studentski-marsh
Фото: Студентски марш на 10 декември 2014 против измените на Законот за високо образование.

За измените на ЗВО пратениците расправаа аргументирано и интензивно со чести реплики и контрареплики.

Ниту еден од говорниците не ја променил почетната позиција со која настапил во расправата.

Пратениците најчесто се задржуваа на образложување на сопствените и партиските позиции, а поретко на лично квалитативно толкување и анализа на аргументите изнесени од другите пратеници.

Во поголем дел од дискусиите се идентификувани два и повеќе аргументи и не е забележана дискусија во која немало никакво образложение.

Десетте пратеници од опозицијата достигнаа удел од 39% во вкупните дискусии.

На пратениците жени отпаѓа доминантен дел од вкупниот број на дискусиите.

Најчесто диксутираа пратениците од првата Изборна единица.

Во текот на собраниската постапка за измена на ЗВО не се одржа јавна дискусија.

Најинтензивна размена на аргументи е забележана при дискусиите за:

  • Цел на измените на ЗВО
  • Рангирање на универзитетите и нивната автономија
  • Државен испит
  • Објавување на трудови во меѓународни научни списанија со импакт фактор
  • Странски државјани да бидат избрани за декани
  • Дали за измените се консултирани сите засегнати страни.

Ова се дел од наодите во Извештајот од мониторингот на собраниската дискусија за измените на ЗВО. На следните линкови можете да ја најдете целосната анализа на собраниската дискусија во која се вклучени и клучните аргументи на пратениците и позициите на парламентарните групи по однос на поединечни одредби од ЗВО mk al

На следниот линк можете да ги погледнете сите извештаи од десет месечниот мониторинг на квалитетот на дебатата во Собранието и од медиумското известување за работата на парламентот како и од останатите изданија кои се дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.

Поврзани објави