Во рамки на проектот „Агора сесии – практикување на партиципативно креирање политики“ изготвена е База на податоци на експерти, во областа демократија и владеење на право.
Базата на податоци за експерти има за цел да го олесни пристапот на државните институции до експертското знаење во граѓанскиот сектор и академската заедница, како и пошироко. Таа треба да им послужи на институциите при подготовка на анализи на постоечки закони, анализи за проценка на влијание на регулатива и други видови на потребни анализи при креирањето и извршувањето на јавните политики во сферата на демократија и владеење на право. Исто така, базата на податоци ќе им послужи на институциите да го зголемат својот капацитет во процесот на пристапување во Европската унија, посебно при преговорите за поглавјата 23 и 24.
Документот кој ја сочинува базата на податоци ќе им биде доставен на сите државни институции кои работат во сферата на демократија и владеење на право. ИДСЦС го задржува правото, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, член 8 став 7 „Службен весник на Република Македонија“ бр.7/05, 103/08, 124/10 и 135/11, да ја прошири базата на податоци со експерти кои се присутни во јавната сфера и за кои има јавно достапни податоци.
Поддржано од Британската амбасада во Скопје во рамките на проектот „Агора сесии“. Повеќе информации за проектот „Агора сесии“ во рамките на кој се изработува базата на податоци за експерти можете да прочитате на следниов линк https://idscs.org.mk/mk/novosti/637-agora-sesii.
Првичната база на експерти во oпен документ формат можете да ја пронајдете на следниот линк: (ODS)
Првичната база на експерти во ексел формат можете да ја пронајдете на следниот линк: (XLSX)