logo

Рововска дебата – Анализа на квалитетот на дискусијата во Собранието (јуни 2014 – мај 2015)

Share on facebook
Share on twitter

Квалитетот на дебата во Собранието претставува значаен фактор кој влијае на квалитетот на донесените политички одлуки, законските решенија и можностите на парламентарниот дом да функционира како контролор на работата на извршната власт. Начинот на кој се носат одлуките во парламентот може да бидат значаен индикатор за нивото на демократијата и политичката култура во едно општетство. Истовремено, начинот на кој се носат одлуките може еднакво да влијаат на тоа дали тие ќе бидат прифатени од граѓаните како добри, нужни и долгорочни или ќе се доживеат како наметнати со можен краток животен век. Затоа во центарот на нашиот интерес во оваа анализа е суштината на законодавниот процес во Собранието, а тоа е парламентарната дебата која се води на седниците. Имајќи предвид дека дискусијата е основната алатка со која избраните претставници ги обликуваат законите и другите одлуки со кои влијаат на животите на граѓаните и на општествените и економските процеси, логично е да се обидеме да го измериме нејзиниот квалитет.

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк:
http://idscs.rovovska-debata-mk.pdf

Поврзани објави