Sobranie foto sednica

Во февруари 2015 г. пратениците во македонското Собрание најмалку досега ги образложуваа своите позиции со два и повеќе аргументи, а најчесто од почетокот на мониторингот (јуни 2014 г.) имаа дискусии во кои образложението беше слабо односно недоволно да се смета за еден целосен аргумент. Во овој период тие повторно не успеаја меѓусебно да се разубедат во исправноста на своите аргументи и секој остана во својот „ров“. Само еден пратеник ја променил позицијата, но не образложил од кои причини го прави тоа.

Карактеристично за февруари е што на набљудуваните седници пратеничките, и покрај тоа што се присутни во Собранието во помал број (35%) ги надзборуваа пратениците мажи. На пратеничките жени отпаѓаат дури 57% од сите набљудувани дискусии. На пратеничките во февруари, исто така се должи доминантен дел од репликите и контрарепликите.

Пратениците во овој период најмногу дискутираа околу пратеничките прашања, предлогот на Закон за трансформација во редовен работен однос, измените на Законот за високо образование, на Закон за електронски комуникации и на Законот за царинска управа

Опозицијата, претставена од 10 пратеници, во февруари го задржи својот досега највисок удел во дискусиите од 29% исто како и во јануари 2015 г.

Со сето ова заклучокот е дека јавноста повторно остана посиромашна за квалитетна дебата за законските решенија дискутирани во февруари 2015г. Повторно е испуштена можноста преку дискусија да се тестира валидноста и издржаноста на изнесените аргументи на пратениците и можноста тие да бидат оспорени или надополнети.

 Ова се дел од наодите во седмиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од 1 до 28 февруари 2015 кој во целост може да го прочитате на следните линкови mk al

Во прилог е и облакот од најкористените зборови на пленарните седници од страна на пратениците во февруари.

Oblak-Sobranie-fevruari

На следниот линк можете да ги погледнете извештаите од мониторингот во претходните месеци на македонски, албански и англиски јазик https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa