manastir1

Во рамки на проектот Граѓанската мрежа за спречување на конфликтот на интереси во јавната администрација, на 3 и 4 март 2015, во хотелот Манастир, Берово беше одржана Втората работилница за подготовка на граѓанската стратегија за спречување на судирот на интереси.

Во текот на работилницата, членовите на 16 граѓански организации од земјата го подготвуваа текстот на Стратегијата на граѓанското општество за спречување на судирот на интереси во јавната администрација. Стратегијата претставува документ преку кој граѓанските организации ќе постават насоки за дејствување во однос на спречувањето на судирот на интереси, промоција на системот на заслуги во вработувањето и напредувањето на службениците, како и прашања поврзани со целокупната реформа на јавната администрација во контекст на македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија.

На работилницата претставниците на граѓанските организации разговараа и за организацијата на 11 јавни дебати низ целата држава кои во наредниот период имаат за цел да го актуелизираат прашањето на проблемот со судирот на интереси во јавната администрација. Во текот на работилницата, учесниците имаа можност и да ја проследат презентацијата на Извештајот за проценка на корупцијата 2014, подготвен во рамки на УСАИД Програмата за антикорупција и Регионалниот извештај за проценка на корупција во Југоисточна Европа подготвен од СЕЛДИ мрежата.

На работилницата учествуваа следните организации: Институт за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ – Скопје (ОИ), Македонскиот институт за медиуми – Скопје (МИМ), Организација на Жените на Општина Свети Николе (ОЖОСВ), Регионален центар за одржлив развој – Кратово (РЦОР), Локална агенција за развој – Струга (ЛАР), Млади Европски Федералисти – Куманово (ЏЕФ), Инвентивност – Радовиш, Центар за управување со промени – Скопје (ЦУП), Асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“ – Скопје, ЗИП Институт – Скопје, Мултикултура – Тетово, Аналитика – Скопје, Проект ЕУ – Кавадарци, Институт за развој на заедницата – Тетово (ИРЗ), Фондација за развој на заедниците – Штип (ФРЗ).

Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси“ е финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Civil Society Facility. Проектот го спроведуваат Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

{module manastir20150303}