mediumi januari-oblak-web

Медиумите во јануари 2015 досега најмногу информираа од почетокот на периодот на мониторинг за содржината на парламентарните расправи, ставовите и аргументите изнесени од страна на пратениците. Клучно за привлекување на медиумскиот интерес беа парламентарните расправи околу Законот за високо образование, законските измени со кои се овозможи увид во банкарските сметки на корисници на социјална помош, амандманите на Уставот, патните трошоци на пратениците и посетата на претстедателот на албанскиот парламент Илир Мета.

За прв пат од почетокот на мониторингот помалку застапени се новинарските информации во кои Собранието само се споменува, а информацијата суштински не се однесува на работата на пратениците.

Во јануари медиумите во објавените информации како извори најчесто ги посочуваат пратениците. Притоа, многу почесто се застапени информации во кои како извори се јавуваат пратеници од само една политичка опција (најчесто од мнозинството), а поретко информации во кои истовремено се застапени пратеници и од власта и од опозицијата.

Почесто отколку во минатите месеци како извори се застапени претставници на други државни институции, странски дипломати и претставници на меѓународни организации, граѓански организации и граѓани.

Ова се дел од наодите во Петтиот извештај од мониторингот на медиумското известување за работата на Собранието спроведен во периодот од 1 до 31 јануари 2015.

Со истражувањето се опфатени објавени текстови и прилози на следните медиуми: Дневник, Утрински весник, Вечер, Слободен печат, Коха, Лајм, Сител, Телма, Алсат-М и МРТ2 програма на албански јазик. Мониторингот е дел од проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делибератививниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија.

На следните линкови можете да го прочитате целиот извештај mk al

Ова е облакот од најкористените зборови во насловите на текстовите и најавите на прилозите кои се однесуваат на Собранието во јануари.

mediumi januari-oblak1

Претходните извештаи од мониторингот на медиумите и дебатата во Собранието можете да ги погледнете на следниот линк: https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa