Sobranie foto sednica

Во ноември, пратениците преку нивните говори не успеаја да разубедат ниту еден пратеник да ја промени својата почетна позиција. Истовремено, на расправите не е искажан интерес или подготвеност за менување на своите ставовите и позиции поради добри аргументи изнесени од други пратеници во расправата („сила на подобар аргумент“).

Опозициските пратеници и пратеничките го намалија уделот во вкупните дискусии на мониторираните седници во ноември споредено со претходните два мониторирани периоди на сметка на уделот на пратениците од владеачките партии и мажите-пратеници. Генерално, намален е бројот на реплики и степенот на аргументираност на говорите на пратениците споредено со претходниот месец. Во ноември се зголемил бројот на надворешни учесници во собраниските расправи поради одржувањето на повеќе јавни расправи и седница за пратенички прашања.

Ова се дел од наодите од Четвртиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебата во Собранието. Линкови до целосниот извештај на македонски и албански јазик. mk al

Теми кои најмногу го предизвикаа вниманието на пратениците и на кои најмногу се дискутираше во ноември се пратеничките прашања, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Утврдувањето на агенда на активности на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Малиот број на реплики и контрареплики по излагањата на пратениците не овозможија преку дебата да се тестира валидноста и издржаноста на изнесените аргументи. Со ова јавноста повторно остана посиромашна за квалитетна дебата за дел од законските решенија.

Ова се дел од наодите во четвртиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието кој го подготвува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. Целосниот извештај за ноември можете да го погледнете во прилог, а извештаите од претходните месеци на линкот: http://www.idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/sobranieto-pod-lupa