logo-izvestaj

Буџетскиот процес во Македонија во последните 23 години во голема мера е затворен процес. Загрозени се двата основни предуслови за негово преминување на повисоко ниво – прво, транспарентноста, отвореноста и вклучувањето на јавноста во буџетскиот процес е во незавидна ситуација и истата не постои  како монитор и коректив на буџетскиот процес. Второ, не постојат формални индикатори за ефикасноста и резултатите од бројните проекти и буџетски трошења. Овие недостатоци и предизвици на буџетскиот процес на буџетскиот процес во Македонија се една од главните причини поради кои Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за демократија „Социетас Цвилис“-Скопје (ИДСЦС) укажуваат на потреба и неопходноста за отпочнување на процес на буџетирање базирано на перформанси во Македонија.

ЦЕА и ИДСЦС ja објавуваат студијата за јавна политика „Буџет базиран на перформанси – За подобар буџетски процес и зголемување на транспарентноста и отчетноста“. Главната цел на студијата утврдување на потребите и бенефитите од воведување на буџет базиран на перформанси во Македонија, како еден од предусловите за зголемување на буџетската транспарентност/отчетност и како главен услов за ефикасно управување со буџетските средства. Свесни сме дека ова е долготраен процес кој дури и во најразвиените држави не е целосно завршен и се соочува со бројни пречки, меѓутоа искрено се надеваме дека нашиот проект и истражување ќе бидат “иницијална каписла” која ќе ја активира и поттикне оваа значајна категорија во буџетскиот процес во нашата држава.

Оваа студија укажува на чекорите кои се неопходни да се превземат за да се воведе буџетирањето базирано на перформанси во Македонија. Тие чекори се следниве:

Да се адаптира концептот на буџетирање базирано на перформанси на тековната политичка и фискално–економска состојба во државата. Треба да се има предвид обемноста, сложеноста на целиот процес и како истиот би се вклопил во политичкото разбирање на буџетскиот процес.
Јасно да се дефинираат целите и очекуваните резултати од предложените реформи и истите треба транспарентно да се споделат со сите учесници во процесот – креаторите на политиките, министерствата, агенциите, секторите итн.
• Да се анализира и елаборира постоечкиот буџетски систем и како истиот наједноставно може да се поврзе и претопи во буџет базиран на перформанси. Постоечките врски помеѓу целите,  плановите и активностите на одделните буџетски корисници можат да се искористат како основа на која ќе се развива систем од индикатори и други реформи во насока на подготвување терен за имплементација на буџетот базиран на перформанси.

Останатите чекори и предлози можете да ги прочитате во студијата која е достапна на следниов линк: mk al

Повеќе информации во врска со заклучоците и препораките од оваа студија на јавната буџетска политика можете да добиете кај Борче Треновски на мејл: borcetrenovski@gmail.com или телефон 070 536 816. Студијата е подготвена во рамките на проектот „Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси” кој го имплементираат ЦЕА и ИДСЦС, а е финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е да промовира буџетска транспарентност за отчетно трошење на јавните финансии. За повеќе информации во врска со проектот посетете ги веб страните www.cea.org.mk и www.idscs.org.mk.

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Центарот за економски анализи  и нa Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.