cloud-avgust-septweb

Ова се 200-те зборови кои најмногу ги користеле пратениците во македонското Собрание на 10 пленарни седници одржани во периодот од 25 август до 30 септември.

Зборовите се појавуваат со анализа на фреквенцијата на нивното користење врз основа на стенографските белешки од седниците кои ги водат собраниските служби. Со внесувањето на вкупно 458 страници текст од говорите на пратениците произлегува дека во овој период како најкористени се појавуваат зборовите кои се користат во парламентарните процедури како Република Македонија, законите, заблагодарувањето кон своите колеги, предлозите, постапките, Собранието, годините и комисиите. Од темите на кои се расправало во Собранието, во овој период често се споменувале Уставот, Владата, насилство, Кратово, долг, заштита…

Облакот е создаден преку апликацијата Wordle.net.

Анализата на говорите на пратениците е дел од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“. Вториот извештај од мониторингот на дебатата кој се однесува на истиот период како и облакот, покажа зголемување на интеракцијата меѓу пратениците одразено преку почестите реплики и контрареплики, но и дека дискусијата околу законските предлози генерално останува слаба.