20141020 1

Активисти од осум граѓански организации 20-ти и 21-ви октомври 2014, како дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, беа обучени за застапување и комуникациски вештини. На претставниците од ИРЗ Тетово, Мултикултура, Институт Охрид, РЦОР Кратово, Инвентивност Радовиш, ЏЕФ Македонија, Проект ЕУ и Институт за демократија, обуката ќе им помогне да ги промовираат наодите од нивните истражувања за конфликт на интереси и корупција во јавната администрација на локално ниво.

Обуките ги спроведуваа предавачи од Македонскиот институт за медиуми, кој заедно со Институт за демократија и Институтот Охрид, се партнери на овој проект.  Предавањата се однесуваа на планирање на комуникациите, креирање на рамка на стратешко комуницирање, испраќање пораки до целни групи, структурирање и организација на јавни презентации. Граѓанските активисти исто така беа обучени за комуникација со медиумите, веб активизам и пишување за веб, а секоја тема беше придружена со практични вежби и дискусии.

{module Obuka1020}