sobranieto pod lupa

„Индексот за квалитет на дебата“ овозможува секој поединечен говор изнесен на седниците да се кодира според неколку главни карактеристики:
– Степен на аргументираност на говорот;
– Степен на почит на говорникот кон другите пратеници и нивните аргументи;
– Отвореност за прифаќање на туѓите аргументи и менување на сопствените ставови под сила на квалитетни аргументи изнесени во расправата;
– Дали пратениците образложуваат во име на чии интереси ги застапуваа своите ставови;
– Дали пратениците можат непречено да ги изнесат своите ставови и
– Во која мера е застапен недоличен говор;

Линк до целиот Индекс за квалитет на дебата на македонски mk и албански al  јазик .

Со мониторингот се опфатени расправите во следните работни тела во Собранието:

– пленарни седници;
– Комисија за уставни прашања;
– Комисија за финансии и буџет;
– Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците;
– Комисија за избор и именувања;
– Комисија за локална самоуправа;
– Комисија за европски прашања;
– Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот;
– Законодавно правна комисија.

Истовремено во рамки на проектот се одвива и мониторинг на неколку национални медиуми со цел да се види во која мера јавноста е запознаена со суштината на собраниските расправи и со содржината на аргументите изнесени на седниците од страна на пратениците.
По секој мониториран месец јавноста ќе биде информирана преку извештаи за клучните наоди од мониторингот на дебатата во Собранието и на медиумското известување од работата на парламентот.