logo

ИДСЦС на СЕЛДИ регионалната работилница

20140620 seldi istanbul
Share on facebook
Share on twitter

20140620 seldi istanbul

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС) на 19 и 20 јуни 2014 во Истанбул, Турција, учествуваше на состанокот на управниот одбор и работилницата за застапување во рамки на СЕЛДИ регионалната мрежа за антикорупција. Во рамки на настанот, претставниците на организациите членки на СЕЛДИ ги утврдуваа понатамошните правци на дејствување на мрежата, но и ги презентираа главните наоди од досега спроведеното следење на корупцијата во регионот и во одделните земји. На настанот за прв пат земаа учество и претставници на организации од Романија и Молдавија, со што СЕЛДИ мрежата се зголеми на вкупно 19 организации од 11 земји.
СЕЛДИ е мрежа на организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција, Романија и Молдавија формирана во рамки на двегодишниот проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за мониторинг, застапување и подигнување на свеста“ финансиран од Европската Унија.

Известување за работилницата на веб-страницата на СЕЛДИ (англиски јазик): http://goo.gl/vW17em

Поврзани објави