world789

Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС) ја спроведе првата онлајн анкета наменета за државјаните на Република Македонија во странство. Како резултат на таа анкета е подготвен аналитичкиот анкетен извештај „Македонските државјани во странство – Глас ЗА гласање во странство“ во кои се претставени и анализирани запознаеноста и интересот на македонските државјани во странство со гласањето во странство, изборните правила, политичката ориентација и врските со матичната држава. На овој начин ИДСЦС има за цел да внесе нови информации и аргументи во актуелната дебата за изборната политика и да придонесе кон креирање на изборен систем кој соодветно ќе одговори на потребите на граѓаните на Република Македонија.
Онлајн анкетата беше спроведена во периодот од 18 декември 2013 до 12 јануари 2014 година на примерок од 378 испитаници кои имаа можност да одговараат на македонски, албански и англиски јазик.
Во прилог прочитајте ги резултатите од истражувањето.