seldi2013111

На 7-8 Ноември 2013 година, Центарот за демократски студии, како координатор на иницијативата „Водство за развој и интегритет во Југоисточна Европа“ (СЕЛДИ) во соработка со локалните партнери од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи одржаа тренинг за антикорупциски мониторинг во Скопје. На тренингот присуствуваа претставници на партнерите на СЕЛДИ од девет држави, како и локалните граѓански организации. Предавачите презентираа практични и методолошки знаења за техниките на корупциски мониторинг. Во посебен фокус беше Системот за следење на корупција (ССК) на Центарот за демократски студии, а големо внимание беше посветено и на понатамошните чекори за успешна имплементација на деветте истражувања за следење корупција, планирани за почетокот на 2014 година. Учесниците ги дискутираа и главните поенти кои се опфатени во деветте Извештаи за проценка на корупција од секоја земја посебно и можните извори на информации и препораки за идните политики. Треинингот служеше и како платформа преку која учесниците споделуваа искуства во поглед на мониторингот на корупцијата од различни методолошки перспективи: преку истражување на јавното мислење, интервјуа и истражувачко новинарство. Партнерите на проектот беа многу проактивни и во процесот на конкретизирање на важните методолошки и организациски прашања во однос на идните чекори и активности во рамките на СЕЛДИ мрежата.

seldi2013112

seldi2013113

seldi2013114