Â
На 11.09.2013 во хотел „Пела“ во Охрид се одржа завршната конференција од проектот „Европеизација на западен балкан преку имплементација на правото“ организирана од ИДСЦС како имплементатори на проектот финансиран од РРПП програмата на Швајцарската Агенција за Поддршка.
На конференцијата свои излагања имаа истражувачите кои се дел од проектот, како и релевантни научници и креатори на политики од Балканот и Европа чие потесно поле на интерес се случувањата во врска со имплементација на правото во земјите од Западен Балкан. Конференцијата ја отвори Марко Кмезиќ (Србија) кој е координатор на проектот од научен аспект и кој го опиша проектот во генерални црти. По него со свои видувања се произнесе и Флоријан Бибер на тема „(Не)можностите за демократија во нестабилните држави од Југоисточна Европа“, и двајцата претставници на униварзитетот во Грац (Австрија).
На вториот панел учествуваа: Владимир Мисев претставник на ИДСЦС на тема „Македонскиот приказ на случај“ и Ардит Мемети од Универзитетот во Тетово со „Правната реформа и спроведувањето на правото во Западен Балкан: Клуч во процесот на зачленување во ЕУ“.
Третиот панел во кој беа вклучени најмногу интернационални учесници донесе интересна дискусија поттикната од излагањата на: Дмитри Коченов од Универзитетот во Гронинген (Холандија) на тема „Владеење на правото како критерим за членство“; Томаш Милеј од Универзитетот во Келн (Германија) со „Уставните судови како спроведувачи на правото“; Аролда Елбасани од Универзитетот Европски Институт од Фиренца на тема „ЕУ интеграции и трансфромацијата на Западен Балкан“ и Васко Наумовски од Универзитетот во Скопје со излагање за „Препораки за имплементација на правото во земјите од Западен Балкан“.
На четвртиот панел од конференцијата беа изнесени заклучоците од целиот проект од страна на научниот координатор Марко Кмезиќ и координаторот на проектот Зоран Илиевски од Универзитетот во Скопје.