Институтот за демократија „Социетас Цивилис”-Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) на 25 април 203 година одржаа конференција на тема “Избори и политички партии: Локални избори во Република Македонија 2013 година – осврт и препораки“. Конференција ја отвори Ања Чимек, официјален претставник на КАС во Македонија, а Илина Мангова од Институтот за демократија го претстави второто и дополнето издание „Прирачник за локални избори во Република Македонија 2013 година“. Прирачникот дава информации за изборниот систем, политичките партии и коалиции кои учествуваа на изборите, вклучува список од сите кандидати за градоначалници и подетално ги претставува кандидатите во 29 општини. Ова дополнето издание содржи и извештај за изборната кампања, резулататите од изборите, ги сумира оценките за изборите и дава преглед на избраните градоначалници, како и на бројот на советници по партии за целата територија на Македонија.
На конференцијата се обратија амбасадорот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Македонија Ралф Брет, Златко Димитриоски од граѓанската асоцијација МОСТ, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова од Правниот факултет „Јустинијан I“-Скопје и доцент д-р Владимир Божиновски исто така од Правниот факултет „Јустинијан I“-Скопје.
На конференцијата беше претставено и најновото издание на Политичка мисла „Избори и политички партии“ во кое се обработуваат теми кои се однесуваат на политичкото лидерство, граѓанска непослушност, изборен бојкот, цивилни вредности, жени и политика, клиентелизам, изборен инженеринг итн.
На следниве линкови можете да го превземете онлајн изданието на „Прирачник за локални избори во Република Македонија 2013 година:
http://www.kas.de/mazedonien/en/publications/33811/ издание на македонски јазик
http://www.kas.de/mazedonien/en/publications/33812/ издание на албански јазик
http://www.kas.de/mazedonien/en/publications/33810/ издание на англиски јазик
Додека 41то издание на Политичка мисла „Избори и политички партии“ е достапно на овој линк