Надминување на кризата со ЕУ проширувањето – Напуштање на чекалната за ЕУ
Центарот за Југоисточни Европски студии од Универзитетот во Грац во соработка со Европскиот Фонд за Балканот, Österreichische Gesellschaft für Europapolitik, Südosteuropa Gesellschaft, Europe Direct Steiermark, со поддршка од градот Грац беа домаќини на тридневна конференција во врска со проширувањето на ЕУ од 9ти до 11ти Ноември 2012 година. Целта на конференцијата беше да се согледа дали проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е во криза, беше дискутирано за неколку нови политички решенија кои би го оживеале процесот на проширување на ЕУ, а беа организирани неколку панели за специфичните пречки кои се појавуваат во процесот на проширување.
На конференцијата се дискутираше за пречките и приодот кон забрзување и оживување на процесот на проширување. Наместо на тоа да се гледа како на критериуми кои државите треба да ги исполнат, конференцијата беше посветена на проблемот со „надминување на заморот“ од исполнување на критериумите, земајќи го во предвид скептицизмот од проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Овие беа потенцирани како две многу битни пречки за надминување во процесот на проширување. Како интердисциплинарен настан конференцијата вклучи: креатори на политики, правници, политиколози, социолози и научници од други области. Марко Кмезиќ го водеше панелот со наслов „Затворање на тешките поглавја: Владеење на правото и судството“ и во оваа пригода ги презентира заклучоците од проектот финансиран од РРПП „Европеизација преку имплементација на владеење на правото“. Тука можете да ја превземете агендата на настанот.