logo

Спроведена втора активност – Јавни настани

radovis

Седум јавни трибини на тема “ЕУ Фондовите – можност или предизвик за граѓанското општество” беа организизани во јуни и јули 2011 година во Радовиш, Виница, Демир Хисар, Делчево, Гостивар, Охрид и Могила. Јавните трибини беа дел од проектните активности во рамките на проектот “Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите-промоција на локалниот развој преку поголема искористеност на ЕУ Фондовите ” имплементиран од Институт за Демократија Социетас Цивилис- Скопје, а финансиран од Европската Унија преку ЕИДХР 2009.
Јавните трибини имаа цел да ги информираат граѓаните за можностите кои произлегуваат од фондовите на Европската Унија, како за самите граѓани и граѓански организации така и за единиците на локалната самоуправа. Темата на јавните трибини беше одбрана како резултат на добиените наоди од 12 те фокусни групи организирани во рамките на истиот проект со кои се истражи состојбата со апсорпцијата на ЕУ и ИПА фондовите во земјава и се согледаа бројни проблеми при припремите на апликациите за добивање грантови.
Модератор на јавните трибини беше г-дин Васко Попетревски- уредник во дневен весник Дневниик и експертите од Правен факултет Јустинијан Први- Скопје – Јулија Брсакоска- Базероска и Иван Дамјановски.
Јавните трибини и фокусните групи се ставени во служба на дефинирање на наставниот план за обуките за подготовка на ЕУ проектни апликации кои понатаму ќе бидат организирани во сите осум плански региони во државата.

 

radovis

Јавен настан во Радовиш, 28 јуни 2011

vinica

Јавен настан во Виница, 30 јуни 2011

delcevo

Јавен настан во Делчево, 6 јули 2011

demirhisar1

Јавен настан во Демир Хисар, 7 јули 2011

ohrid

Јавен настан во Охрид, 8 јули 2011

gostivar1

Јавен настан во Гостивар, 12 јули 2011

mogila

Јавен настан во Могила, 14 јули 2011

Поврзани објави