logo

Информации за проектот

mojotizbor
Share on facebook
Share on twitter

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми, започна проект Платформа за интегрирано набљудување на изборите. Целта на проектот е да се придонесе за фер и демократски избори, преку поддршка на професионалната и транспарентна работа на изборните органи, зајакнато професионално и етичко известување за изборите во медиумите и промоција на конструктивен демократски дискурс за време на кампањата и самиот изборен ден. Проектот вклучува активности за анализа на изборните програми и листите на кандидати, набљудување на известувањето на медиумите, набљудување на работата на изборните органи, изборната кампања и самиот ден на избори, како и дебати на одредени теми. како: социјална кохезија, вработување, локален и рурален развој, граѓанско општество, ЕУ интеграции. Интегрираниот мониторинг бешен успешно прифатен од медиумската и општата јавноста и се планира да го покрива следните изборни циклуси.

Повеќе информации ќе најдете на страната на Мојот избор 2011

mojotizbor

Настани поврзани со проектот

Поврзани објави