cover-ria

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) ќе анализираат како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики во Македонија.

Преку проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази во Македонија“ или кратко, „ПВР во сенка“ ќе се придонесе за унапредување на доброто владеење преку вмрежување и градење на капацитети на граѓанските организации за следење и анализа на спроведувањето на ПВР.

Со проектот треба да се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските организации во ПВР процесот и во реформите на јавните политики преку вмрежување, инклузивни консултации и обуки.

ИДСЦС и ЦЕА во дел од активностите ќе работат на објаснување на ПВР и приближување на овој важен процес од постапката на создавање на политики до граѓанските организации и општата јавност.

Финални корисници на проектот се граѓаните на Р. Македонија. Доброто спроведување на ПВР ќе придонесе кон повисок квалитет на легислативата, зголемена вклученост на граѓаните, зголемено ниво на законска сигурност, подобро финансиско планирање и зголемена транспарентност на политичките процеси. Проектот посветува особено внимание кон создавање на врски помеѓу актерите од граѓанското општество и државните институции.

Проектни компоненти:

  • Компонента 1: Вмрежување на граѓански организации за подобра легислатива;
  • Компонента 2: Спроведување на проценка на влијанието на регулативата (ПВР) во сенка;
  • Компонента 3: Анализа на спроведувањето на ПВР во Македонија;
  • Компонента 4: Градење на капацитети на мрежи на граѓански организации за учество и надгледување на процесот на ПВР;
  • Компонента 5: Подигање на јавната свест за придобивките од ПВР и проблемите во спроведувањето.

Проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази во Македонија“ со буџет од ЕУР 332.099 е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија со удел од ЕУР 298.889, чии активности ќе се имплементираат во период од јануари 2017 – декември 2019г.

Настани поврзани со проектот

item

Конференција: Формирана „Мрежа за подобра легислатива“ за проценка на влијанието од регулативата

Се формираше „Мрежа за подобра легислатива“ составена од десет граѓански организации кои ќе го следат процесот на проценка на влијание од регулативата кога ќе се носат или менуваат законите. Членките на мрежата во рамки на проектот „ПВР во сенка“ кој го спроведуваат Институтот за...

item

ПВР во сенка: Отворен повик за вклучување во Мрежата за подобра легислатива

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) во периодот јануари 2017 – декември 2019г. ќе анализираат како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските...