logo

ЕУ интеграциите во сенка на внатрешните процеси

АНАЛИЗА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ЗА 2023 ГОДИНА

ПОВЕЌЕ

АНАЛИЗА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

МАКЕДОНСКИОТ ПРОЦЕС НА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕУ (2014-2023)

ПОВЕЌЕ

АНТИКОРУПЦИЈА 2030:

ФОРСАЈТ АНАЛИЗА НА ИДНИ И СЕГАШНИ КОРУПЦИСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

ПОВЕЌЕ

Јули 2020 -

јули 2021:

Една година од

парламентарните избори,

како граѓаните гледаат на

политичкото влијание

и отвореноста на актуелниот

парламентарен состав?

Мрежи

ТИНК БАЛКАНС

Проектот ‘Инструмент за соработка на аналитичките центри од Западен Балкан – ТИНК БАЛКАНС’ е финансиски поддржан од Меѓународниот Фонд на Вишеград. Работејќи врз основа на моделот на Тинк Вишеград на платформа на аналитички центри од Вишеградската четворка (В4), овој проект, во тесна соработка со оваа платформа, цели кон пилотирање на инструмент за трајна соработка помеѓу аналитичките центри од Западен Балкан.

СЕЛДИ

Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI) претставува коалиција на граѓански организации за добро управување и борба против корупција. Целта на коалицијата е да придонесе кон формирање на динамично граѓанско општество кое е способно да влијае на процесот на носење на одлуки специфично во областите на доброто управување и борбата против корупцијата.

Платформа на граѓански организации за борба против корупција

Платформата цели кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ги почитува, промовира и застапува принципите на доброто владеење. Платформата ги поврзува граѓанските организации и е отворено место за соработка, вмрежување и демократска дебата со цел зајакнување на улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата во Република Северна Македонија.

Веб страни

Изборна
Aрхива

www.izbornaarhiva.mk

Кој
управува?

www.kojupravuva.idscs.org.mk

Изборна Архива

Изборна архива на изборите во Северна Македонија од 1990 година до денес е проект на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер, претставништво во Република Северна Македонија, кој има за цел на едно место да ги собере сите достапни документи за изборните процеси во земјата од првите повеќе партиски парламентарни избори до денес.

ПВР ресурсен центар

Ресурниот центар за проценка на влијание на регулатива претставува интерактивна веб-платформа која интегрира сумирани податоци за речиси 800 издадени публикации од граѓански организации со цел обезбедување на истражувања кои би биле од корист на службениците кои работат на формуларите за проценка на влијание на регулатива, но и пошироко, на креаторите на политиките, донесувачите на одлуки и граѓанските организации кои имаат интерес во процесот на создавање политики базирани на докази.

Кој управува?

Прв електронски регистар на директори и членови на управни и надзорни одбори на јавни и државни претпријатија и независни регулаторни тела. Овие организации се формирани од страна на општините, Владата и Собранието на Република Северна Македонија.

Политичка
мисла

Од 2003 година во партнерство со фондацијата Конрад Аденауер-Канцеларија во Скопје, ИДСЦС го објавува тримесечниот политички магазин Политичка мисла. Секое издание тематски се занимава со актуелни и релевантни политички и општествени теми.

услуги

Обуки
Истражувачки Услуги

Социјални Медиуми