logo

ИДСЦС на Интернациoнална Конференција во Загреб

zagreb20131012 1
Share on facebook
Share on twitter

zagreb20131012 1

Координаторот на проектот со наслов „Европеизација на Западен Балкан преку имплементација на правото“, Зоран Илиевски, ги презентираше резултатите од истражувачкиот проект на интернационалната конференција насловена „ЈИЕ и иднината на ЕУ“ во Загреб од 8ми до 11ти Октомври 2013 година.

zagreb20131012 2

Панелот на кој Илиевски го презентираше проектот беше воден од Проф. Иво Шлаус – претседател на „Светската Академија на Науките и Уметностите“, додека другите панелисти беа Стипе Месиќ – поранешен претседател на Хрватска и Тонино Пицула – европратеник и поранешен министер за надворешни работи на Хрватска. Слушатели беа околу 100 студенти на додипломски и постдипломски студии по политички науки, дипломатија и меѓународни односи од неколку земји во регионот чии домаќин беше сојузот на студенти при „Универзитетот по меѓународни односи и дипломатија Даг Хамарсјелд“ од Загреб.

Поврзани објави