logo

Перцепциите на граѓаните за работата на пратениците

Share on facebook
Share on twitter

Институтот за демократија во рамки на проектот „Собранието под лупа“ во периодот од 1 до 20 јули изврши теренска анкета за испитување на перцепциите на граѓаните за работата на пратениците во Собранието на Република Македонија.

Основните наоди од истражувањето се:

– Перцепцијата на граѓаните е дека извршната власт има поголема контрола врз Собранието отколку што Собранието ја контролира Владата, според својата уставна надлежност.
– За 57% контролата на Владата врз Собранието е голема или соодветна.
– За 55% Собранието има мала или нема никаква контрола врз извршната власт.
– Повеќе од половината од граѓаните (55%) сметаат дека законите во Македонија се менуваат често или премногу често. Вработените во приватниот сектор најчесто одговараат (59%) дека законите се менуваат премногу често.
– Kако најважни функции на Собранието ги оценуваат надгледувањето на трошењето на Буџетот, носењето на што е можно поквалитетни закони и да се грижи како се спроведуваат законите. Како најмалку важна функција го оценија носењето на што поголем број на закони и законски измени.
– Над две третини од испитаните граѓани сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси. Половина од испитаниците сметаат дека пратениците секогаш застапуваат бизнис интереси. 53% од анкетираните сметаат дека пратениците само понекогаш ги застапуваат интересите на граѓаните.
– За 56% од испитаниците Собранието е целосно или делумно затворено за учество на јавноста во неговата работа.
– За 46% пратениците се затворени за забелешките на јавноста и граѓанските организации при изработката на законите. 42% сметаат дека во некоја мера се земаат предвид овие забелешки.
– За повеќе од една третина (38%) од испитаниците имињата на пратениците од нивната изборна единица/општина/регион беа непознати.
– 47% одговорија дека пратеникот од нивниот регион не е достапен за средби со граѓаните, а само 29% дека е достапен.
– Според 62% владеачкото мнозинство воопшто или во најголем дел не ги зема предвид арументите на опозицијата при носењето на одлуките.
– Испитаниците сметаат дека пратеничките прашања се користат за рекламирање на Владата (60%) и за критикување на Владатаи другите институции (52%). За 50% пратеничките прашања се корисни за полагање отчет на институциите, а за 44% се корисни за информирање на граѓаните за работата на Владата. Испитаниците се поделени околу впечатокот дали овој инструмент има влијание врз обезбедувањето одговорност на институциите. Еднаков дел од нив се согласуваат (45%) и не се согласуваат (45%).
Односот меѓу пратениците во Собранието, анкетираните најчесто го опишуваат како непријателски (42%), а потоа каконапреварувачки (27%).
– Мнозинство од испитаниците (56%) сметаат дека Собранието има некакво влијание врз квалитетот на законите.
– 61% имаат впечаток дека пратениците на собраниските седници користат говор со кој ги омаловажуваат и деградираат своите политички противници.
– Перцепцијата на 72% е дека пратениците во Собранието се целосно зависни од волјата на лидерите на политичките партии.
– 51% сметаат дека доволен дел од пратениците имаат минимално потребно знаење за да може да носат одлуки во име на граѓаните.
78% од испитаните не знаат како можат самите да се вклучат во иницирањето или носењето на законите.
– 64% сакаат здруженијата на граѓани да бидат повеќе вклучени во работата на Собранието.
– Повеќе од половината од испитаниците (54%) сметаат дека политичката криза требаше да се разрешува во Собраниетонаместо со лидерски преговори во Пржино.
Интернетот е главен извор на информации за Парламентот за граѓаните на од 18 до 34 години. Телевизијата за доминантен дел од граѓаните од 35 до над 75 годишна возраст.
60% сметаат дека животот во Македонија генерално се движи во погрешна насока. Најнегативна перцепција имаат испитаниците од североисточниот регион и граѓаните на возраст од 25 – 34 години. Најмалку негативна перцепција имаат граѓаните на возраст од 65-74 години, а позитивна перцепција имаат само испитаните граѓани над 75 годишна возраст.

Целосното истражување е достапно на следниот линк:

Резултати од теренска анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на РМ

pw-anketa-sobranie

Поврзани објави