Локални јазични политики за немнозинските заедници

    Локални јазични политики за немнозинските заедници

    Eтнички прашања /Анализи /Добро владеење /Област /Публикација /Студија за јавна политика

    Оваа студија за јавна политика е подготвена во рамки на истражувачкиот проект: „Локални јазични политики за немнозинските заедници: алатки за поефективна имплементација“, спроведен од Институтот за Демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС), а поддржан од страна на Словачкиот и Балканскиот фонд за јавни политики (Slovak and Balkan Public Policy Fund). Целта на проектот е да ги информира носителите на одлуки и креаторите на политики во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) и националните институции за проблемите, предизвиците, но и успешните практики поврзани со спроведувањето на политиките на повеќејазичност на локално ниво во Македонија. Воедно, проектот цели да ги формулира и да ги промовира во јавноста достапните алтернативи на јавните политики кои на ЕЛС ќе им овозможат поефективно спроведување на правото на службена употреба на јазиците на немнозинските заедници.  Врз основа на оваа студија, ИДСЦС ќе продолжи да се залага за целосно спроведување на Уставниот член 7, кој поставува основа за употребата на немнозинските јазици како службени јазици на локално ниво и ќе продолжи да ги промовира можните сценарија кои би можеле да придонесат за поефикасна имплементација.

    Целиот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs.ljp-nemnozinski-zaednici-mkd.pdf

     

    Ky studim për politikë publike është i përgatitur në kuadër të projektit hulumtues: “Politika lokale gjuhësore për bashkësitë jo-shumicë: mjete për implementim më efektiv”,të realizuar nga Instituti për Demokraci SOCIETAS CIVILIS Shkup (IDSCS), dhe të përkrahur nga Fondi Sllovak dhe Ballkanik për politika publike (Slovak and Balkan Public Policy Fund). Qëllimi i projektit është që ti informojë vendimmarrësit e vendimeve dhe krijuesit e politikave në njësitë e vetëqeverisjes lokale (NJVL) dhe institucionet kombëtare për problemet, sfidat, por edhe për praktikat e suksesshme të ndërlidhura me zbatimin e politikave të shumëgjuhësisë në nivel lokal në Maqedoni. Njëkohësisht, projekti synon që ti formulojë dhe ti promovojë në opinion alternativat e qasshme të cilave NJVL do t’ua mundësojë zbatim më efektiv të të drejtës së përdorimit zyrtar të gjuhëve të bashkësive jo-shumicë. Në sajë të këtij studimi, IDSCS do të vazhdojë të angazhohet për zbatimin e plotë të nenit 7 të Kushtetutës, i cili e vendos bazën për përdorimin e gjuhëve jo-shumicë si gjuhë zyrtare në nivel lokal dhe do të vazhdojë ti promovojë skenaret e mundshme të cilat do të mund të kontribuonin për implementim më efikas.

    Тë njëjtin dokument mund ta gjeni edhe në gjuhën shqipe këtu: http://idscs.ljp-nemnozinski-zaednici-alb.pdf

    Локални јазични политики за немнозинските заедници

    Share