fbpx
logo

На 02.10.2012 се одржа промоцијата на 39-иот број на Политичка Мисла

pm39naslovna

pm39naslovna

Во ЕУ Инфо центарот се одржа промоцијата на 39-тото издание на изданието Политичка мисла од страна на Фондацијата „Конрад Аденауер“ а во соработка со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје со наслов „Енергетска и климатска политика“.

На панел дискусијата воведен збор имаше Ања Чимек, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“. Свои воведни обраќања имаа и: Лазар Гечевски – Директор на агенцијата за енергетика на Р. Македонија и Соња Лепиткова – Државен секретар во министерството за животна средина и просторно планирање. На панел дискусујата модерирана од Ненад Марковиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, со свои презентации учевствуваа: Теодора Грнчаровска од Министерството за животна средина и просторно планирање, Павле Саздов пратеник во Собранието на Р. Македонија, Елизабета Георгиева од секторот за енергетика при ЕУ Делегацијата во Скопје, Елена Андреевска од Универзитетот на југоисточна Европа, Искра Стојковска од Фронт 21/42 и Илбер Села од Универзитетот на Југоисточна Европа.

 

pm3901

pm3902

pm3903

pm3904

pm3905

Поврзани објави