Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), отвара повик за вработување комуникациски офицер/ка со целосно работно време (40 часа неделно) и вклучени придонеси за период од 1 година со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот.
Цел на работно место: Раководење на целокупната комуникациска активност на ИДСЦС
Работни задачи
- Развива и се грижи за спроведување на комуникациската стратегија и комуникациските планови за проектите и истражувачките активности;
- Комуницира со медиуми, и подготвува соопштениja и други форми на комуникација со медиумите;
- Ги одржува и ажурира сите официјални комуникациски канали на ИДСЦС;
- Ги дополнува содржините на веб-страницата на ИДСЦС;
- Ги прилагодува истражувачките производи на ИДСЦС за различни целни групи;
- Развива методологија и подготвува извештаи за видливоста на активностите на ИДСЦС во медиумите;
- Комуницира и ги координира добавувачите на услуги од доменот на комуникации, промоција и маркетинг;
- Управува со базата на контакти и нејзино редовно ажурирање;
- Координира и спроведува организација на настани;
- Го координира визуелно-графичките решенија (подготовка за печат, инфографици, дизајн) на истражувачките продукти;
- Комуницира со сите засегнати страни, застапувајќи вредности на ИДСЦС, политики, анализи и др.
- Редовна и навремена соработка, и комуникација со останатите организациски единици на ИДСЦС.
Образование и рабoтно искуство
- Додипломски или постдипломски студии во областа новинарство, комуникации (корпоративни комуникации и односи со јавност; медиуми и комуникации), политички науки, или друга релевантна област;
- Најмалку 3 години работно искуство во сектор односи со јавност (медиум, граѓанска организација, меѓународна организација или државна институција)
Клучни квалитети
Комуникативност, информираност, проактивност, колегијалност, комуникациска и компјутерска писменост, прецизност
Вештини и способности
- Пишана и усна новинарска комуникација, како и поседување напредни вештини во развивање текстови на македонски и англиски јазик;
- Јавно говорење и настап пред камера;
- Високо ниво на знаење за застапување политики;
- Високо ниво на знаење за подготовка стратешки документи и планови;
- Управување со опрема и софтвер за фотографија и снимање;
- Користење на социјални медиуми за професионални цели. Вештини од областа на дигитален маркетинг;
- Интерес на политичкиот контекст и процеси особено од областите на делување на ИДСЦС: Собрание, Добро управување и ЕУ интеграции;
- Напредно познавање на Microsoft Office;
- Напредно познавање на англиски јазик.
- Добро познавање на социјални мрежи (Facebook, X, Linkedin, You tube), WordPress или други платформи за администрирање на содржина на веб-страници, како и познавање на MailChimp е ќе се смета за предност;
Работниот ангажман ќе се спроведува почнувајќи од 1 август 2024г. За својот ангажман вработениот/ната ќе добива почетен месечен надомест од 48.000 до 52.000 денари (нето), во зависност од квалификациите на избраниот кандидат/ка.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат и пропратно писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk најдоцна до 15 јули 2024 со назнака: Апликација за повик со бр. 0401-166-1/24. . Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју.
Целиот повик може да го погледнете тука:
Повик за вработување на комуникациски офицер/ка