Албанија, за разлика од голем број од земјите од Западен Балкан, нема независна специјализирана антикорупциска агенција. Нејзината антикорупциска структура е сочинета од многу институции кои работат независно една од друга.
Албанскиот парламент е одговорен за надгледување на Владата и осигурување отчетност од нејзина страна. Тековното истражување покажува дека постоењето механизми за законодавен надзор, придонесува кон зголемување на квалитетот на управување, но нивната делотворност во поглед на сузбивање на корупцијата зависи од контекстуалните фактори, како и политичката волја.
Деловникот за работа на албанскиот Парламент обезбедува широка палета надзорни механизми кои може да бидат употребувани за разоткривање и ослабување на можностите за корупција, а постојаните парламентарни комисии го чинат главниот пат низ кој може да се спроведе делотворен законодавен надзор против корупцијата. Но, ниту една од овие комисии не се занимава исклучиво со антикорупција. Борбата против корупција се смета како прашање кое се јавува како заеднички предмет на постоечките комисии
За да се подобри довербата на јавноста, Парламентот мора да ја зголеми директната комуникација со граѓаните, да ја зајакне соработката со граѓанските организации и транспарентноста на своите активности.
Во прилог може да го погледнете целосниот документ за јавни политики:
Парламентарен надзор врз антикорупцијата во Албанија: Решение или дел од проблемот?