
Оваа анализа претставува осврт на состојбата со граѓанските здруженија кои работат во областа на социјалната заштита во Република Македонија и нивната соработка со институциите на државно и локално ниво. Основа за спроведување на анализата се податоците од извештаите од спроведени истражувања за работењето на Центрите за социјална работа и извештај од наодите на граѓанските здруженија впишани во Регистарот на Министерството за труд и социјална политика кои вршат активности во полето на социјална работа спроведени во рамките на проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“.
Post Views: 761