
Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, заедно со 75 организации, поднесе барање до Г-н Кирил Божиновски, Генерален секретар на Владата на Република Македонија и Одделението за соработка со невладини организации при Генерален секретаријат – Влада на РМ за промена на постапката за избор на членови на Совет од редот на граѓанскиот сектор и избор на претседател на Советот во предлог-Одлука за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор.
Барањето е поддржано од 75 организации, меѓу кои: здруженија на граѓани и фондации од различни области на делување, коалиции на здруженија на граѓани и меѓународната организација Affinity Group of National Associations (AGNA) која здружува 58 национални асоцијации кои се борат за развојот на граѓанското општество низ целиот свет. На линкот можете да го погледнете доставеното писмо со листата на организации кои го поддржаа барањето (по азбучен редослед).
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИЦСЦС) е една од организациите кои ја поддржа иницијативата и се потпиша на писмото.
Балканската мрежа за развој на граѓанско општество ќе информира за натамошните чекори во врска со барањето и предлог- одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор.