Поглаварите на верските заедници ја поздравија оваа консултативна средба и истакнаа дека ги поддржуваат наредните семинари за религиските гласноговорници за професионална комуникација со медиумите и односи со јавност, кои ќе се реализираат во месец мај. Поглаварите на верските заедници укажаа на потребата од независно и објективно новинарство, да ја опфати срж’та на верските обреди и обичаи во известувањето. Маркус Марчалек, експерт за медиуми и верски прашања во своето предавање се обрна на менливата улога на религијата и верските заедници во современите текови. Марчалек ги советуваше поглаварите да ја интензивираат соработката со медиумите и да ги прилагодат своите јавни настапи на барањата на медиумите.


Post Views: 225