Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје објавува јавен повик за прибирање понуди за ангажирање правно или физичко лице за изработка на дигитална контролна табла / dashboard за визуелизација, пребарување и полесно користење на отворени податоци од Собранието на Република Северна Македонија.
Активноста се реализира во рамки на проектот „Парламентарни отворени податоци во пракса: Градење граѓански ангажман“, поддржан преку Digital Spark грантовата програма, во рамки на повикот за Источна Европа и Централна Азија, спроведуван со поддршка на CIVICUS, Фондацијата Метаморфозис и TechSoup.
Целта на алатката е да овозможи поедноставен пристап, визуелизација и практична употреба на избрани парламентарни отворени податоци, вклучително податоци за пратенички прашања, активност и присуство на пратениците, како и податоци за канцелариите за контакт со граѓани.
Ангажманот се очекува да се реализира во периодот мај – јуни 2026 година, а рокот за доставување понуди е 17 мај 2026 година, до 23:59 часот.
Деталите за условите, потребните квалификации, критериумите за избор и начинот на аплицирање се достапни во јавниот повик на следниот линк:
Јавен повик за прибирање понудиза изработка на дигитална контролна табла за визуелизација на отворени податоци од Собранието