Изборот на високи раководители во државната управа во моментов се спроведува преку различни постапки и критериуми низ повеќе секторски закони, што создава фрагментиран и неуедначен модел на именување. Донесувањето на нов Закон за висока раководна служба е препознаено како клучна мерка според Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023-2030). Законот треба не само да го подобри функционирањето на администрацијата, туку и да биде основа за поттикнување и модел за професионализација на сите вработени во јавната администрација.
Иницијативата за донесување на нов закон е позитивен чекор, но не воведува суштинска реформа: не ја ограничува партизираноста и политизацијата, не воспоставува јасни критериуми за избор, и ја остава администрацијата ранлива на клиентелизам и политички влијанија.
Краткиот документ со коментари и препораки за новото предлог-законско решение може да го погледнете во прилог:
Разграничување на политичкото и административното: Предлози за функционална и професионална висока раководна служба

