fbpx
logo

Миша Поповиќ е избран за програмски директор на Институтот за демократија

По повеќегодишен ангажман како истражувач и раководител на Центарот за добро управување, Миша Поповиќ е избран за програмски директор на Институтот за демократија.

Поповиќ доаѓа на оваа позиција од улогата раководител на Центарот за добро управување при Институтот, каде што беше одговорен за координација на истражувачки и застапувачки активности во областа на доброто управување. Во рамки на оваа улога, тој работеше и на подготовка на анализи, мониторинзи и предлози за јавни политики, во согласност со принципите на добро управување.

Тој е долгогодишен истражувач и аналитичар со искуство во анализа на политички процеси, институционално функционирање и јавни политики, со фокус на антикорупциски политики, добро владеење и политики за транспарентност, како и со активно учество во јавни дебати и медиумски настапи поврзани со актуелни општествени и политички теми.

Како програмски директор, Поповиќ ќе биде одговорен за координација и управување со програмските активности на Институтот, вклучително и развој, спроведување и следење на истражувачките програми и проекти.

Со ова именување, Институтот продолжува со организирање на своите активности преку јасна програмска структура и внатрешна координација.
На Поповиќ му посакуваме успешна работа во новата улога.

Поврзани објави