Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во рамки на својот Центар за европски интеграции, отвoра повик за вработување постар/а истражувач/ка со целосно работно време (40 часа неделно) и вклучени придонеси за период од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на времетраењето на ангажманот.
Потребни знаења и вештини:
- Tековни или завршени постдипломски студии од областите на општествените науки, како политологија, економија, социологија или право;
- Најмaлку 2 (две) години работно искуство во најмалку едно релевантно подрачје, на пр. Европска интеграција, преговарачки процес, регионални иницијативи итн.
- Високо ниво на познавања на академско пишување и пишување документи за јавни политики;
- Високо ниво на познавања на квалитативни и квантитативни методи за истражување и практично искуство;
- Високо ниво на познавања на софтверски алатки за обработка на податоци и визуелизација на податоци, и практично искуство;
- Одлично познавање на Office со посебен акцент на Excel;
- Напредни познавања за развивање проектни апликации, управување со проектен циклус и подготовка на наративни извештаи;
- Одлични вештини за застапување, комуникациски вештини и способност за работа во тим;
- Способност за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Работни обврски:
- Развивање истражувачки продукти, проектни апликации и спроведување тековни проекти;
- Редовно обезбедување податоци, анализи и извештаи за потребите на центарот и донаторите;
- Изработување документи за јавни политики;
- Раководење со истражувачки активности;
- Раководење со административни процедури на организацијата
- Редовна и навремена соработка, и комуникација со останатите организациски единици на организацијата
Предност ќе имаат кандидати со високи познавања во теорија и пракса на процесот на пристапување кон ЕУ, процесите на носење политики и добри познавања за застапување политики, како и кандидати кои имаат искуство во раководење со проектен циклус.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат и пропратно писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk најдоцна до 6 јули (недела – 23:59ч.) 2025 г. со назнака: Апликација за повик со бр. 0401-181-1/25.
Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју.
Погледнете го повикот тука:
Повик за вработување постар/а истражувач/ка