fbpx
logo

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2024)

Оваа анализа на јавното мислење во однос на македонскиот процес за пристапување во Европската Унија спроведена во 2024 година се надоврзува на истражувањата спроведени во 2014, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2022 и 2023 година. Таа го користи истиот теоретски и аналитички модел на утврдување на детерминантите на поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ, а во исто време ги споредува нејзините емпириски наоди со наодите од претходните истражувања.

Примарните податоци кои се користат во оваа анализа произлегуваат од анкетно истражување на јавното мислење спроведено во периодот октомври-декември 2024 година на примерок од 1056 испитаници. Примерокот е национално репрезентативен според пол, возраст (над 18 години) и етничка припадност, а исто така ги опфаќа и испитаниците од сите шест изборни единици во државата. Резултатите се прикажани во проценти и се предмет на статистичка грешка од ±3%.

Ова истражување користи иста методологија и прашалник како анкетните истражувања спроведени во минатите години. Со ваквиот пристап се создаваат услови за мини лонгитудинална анализа на поддршката за пристапувањето на Северна Македонија кон Европската Унија во последните десет години.

Клучни наоди:

  • 62% од населението ги поддржува аспирациите за членство на Северна
    Македонија.
  • Постои значителен диспаритет во поддршката за членство во ЕУ меѓу двете
    најголеми етнички групи во Северна Македонија, етничките Македонци и
    етничките Албанци.
  • 56% од испитаниците кои се етнички Македонци ги поддржуваат аспирациите за
    членство на Северна Македонија во ЕУ.
  •  82% од испитаниците кои се етнички Албанци ги поддржуваат аспирациите за
    членство на Северна Македонија во ЕУ
  • Речиси 60% од испитаниците кои се за членство во ЕУ се мотивирани од материјалните очекувања.
  • Речиси една третина од населението верува дека економскиот развој ќе има најголема корист од успешното пристапување во ЕУ.
  • Додека примарен двигател најчесто се економските придобивки, нематеријалните придобивки, како што се демократските реформи, стабилноста и културната интеграција, исто така, сè повеќе се препознаваат како клучни позитивни резултати од членството во ЕУ за Северна Македонија.
  • 60% од населението не верува дека придобивките од пристапувањето во ЕУ ќе бидат доволни за да се спречи младата популација да ја напушти земјата.

 

Целосната анализа: Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2024)

Поврзани објави