Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) ви го претставуваат дополнетото издание на Прирачникот за парламентарни избори во Република Северна Македонија 2024 година.
Во ова издание се опфатени резултатите од изборите, темелна анализа на изборната кампања и сите клучни аспекти на изборниот процес. Прирачникот нуди сеопфатен преглед на парламентарните избори, историјата на изборите во земјата, изборниот систем и учесниците во изборите.
Дополнетото издание е достапно на македонски, албански и англиски јазик, и може бесплатно да се преземе од следните линкови:
- Прирачник за парламентарни избори во Република Северна Македонија 2024 година – второ дополнето издание
- Doracak për zgjedhjet parlamentare në Republikën e Maqedonisë së Veriut 2024 – Botimi i dytë i plotësuar
- Handbook on 2024 Parliamentary Elections in the Republic of North Macedonia – Second updated edition
Сите документи поврзани со изборните процеси во земјава, од независноста до денес се достапни на веб-страницата Изборна архива, која претставува заеднички проект на ИДСЦС и КАС.
Прирачникот е наменет за сите кои сакаат подлабоко да се информираат за парламентарните избори, како и за оние кои се директно вклучени во изборниот процес.