Оваа анализа ги идентификува клучните структурни, организациски и регулаторни пречки кои го забавија или отежнаа спроведувањето на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси (2021–2025).
Согласно Годишен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за периодот 1.1.2023 година до 31.12.2023 година од предвидените 166 активности за 2023 година, само 13% се реализирани, 33% се во тек, а 54% се нереализирани согласни предвидените рокови 4. Целта на ова истражување е да се лоцираат факторите кои влијаеле врз степенот на спроведување на Стратегија5 и да се дадат препораки со кои би се унапредила примената на идната Стратегија.
Меѓу главните проблеми се: недоволно разработена методологија за подготовка на стратегијата, слаба координација помеѓу институциите, недоволно искористена надзорна улога на Собранието и Владата, несоодветно буџетско планирање, како и недостаток на капацитети во надлежните органи.
Анализата нуди конкретни препораки за идните антикорупциски стратегии – од воведување појасни методолошки насоки и подобра инклузивност при подготовка, до поефикасен систем за следење, јавна транспарентност на напредокот и зајакнат парламентарен надзор. Целта е да се создаде пофункционална и одржлива рамка за борба против корупцијата, со јасни одговорности, реални рокови и обезбедени ресурси.
Прочитајте ја целосната анализа:
Анализа на фактори кои влијаат врз степенот на спроведување на Стратегијата за спречување корупција и судир на интереси 2021–2025