Отворениот повик за хотелски услуги е во рамки на проектот „Парламентарна дипломатија – Регионална соработка преку зајакнат парламентарен дијалог”, финансиран од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот од мај 2023 до април 2025 година.
Опис на проектот
Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) ќе работи на сеопфатни напори за зачувување на демократските принципи на проверки и рамнотежа, како и за подобрување и промовирање на демократијата во регионот преку засилена регионална соработка на парламентарно ниво. Проектот дополнително придонесува за принципите на Берлинскиот процес, кој работи на зајакнување и забрзување на регионалната интеграција од 2014 година, како и на забрзување на општото усогласување на регионот со принципите на ЕУ. Во оваа насока, проектот генерално се фокусира на Берлинскиот процес со посебен фокус на Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда. Посветеноста на повеќе нивоа ќе придонесе до создавање на локална сопственост и понатамошно преземање на обврските од Берлинскиот процес. Овој проект има за цел да го зајакне учеството на парламентите во промовирањето на регионалната агенда.
Целиот повик може да го погледнете тука: