fbpx
logo

Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата

Институтот за демократија организираше дискусија помеѓу пратениците, релевантните институции и граѓанскиот сектор за зајакнување на улогата на Собранието во борбата против
корупцијата во следните четири години. Дискусијата се водеше околу главните теми и приоритетите во борбата против корупцијата, како и инструментите за обезбедување помош на, но и отчетност од, институциите кои одговараат пред Собранието.

На настанот, воведни обраќања дадоа Миша Поповиќ – раководител на Центарот за добро управување при Институтот за демократија, Љупчо Пренџов – пратеник и Претседател на
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Максим Ацевски – Главен државен ревизор и Сервет Демири – член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По воведните обраќања за збор се јавија и претставниците на невладините организации по што се отвори плодна дискусија.

 

Главните заклучоци кои произлегоа од настанот:

Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата

Поврзани објави