Овој проект има за цел да ги анализира билатералните договори со Грција и Бугарија, да ја процени нивната имплементација и да ги истражи импликациите врз процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Воспоставувањето на Стратешко партнерство меѓу страните (Договорот од Преспа) со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка (Договор со Бугарија) со Република Бугарија имаат значителни импликации врз процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Целта на проектот е воспоставување платформа за национален дијалог и анализа на обврските за Владата на Северна Македонија кои произлегуваат од Конечниот договор за решавање на несогласувањата како што е опишано во резолуциите од Советот на безбедност на Обединетите Нации, 817 (1993) и 845 (1993), раскинувањето на Привремената спогодба од 1995 година и воспоставувањето на Стратешко партнерство меѓу страните (Договор од Преспа) со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и изработување на препораки за нивната имплементација, придружено со учество и консултации со недржавни актери (тинк тенкови, академска заедница, бизнис асоцијации).
Активности предвидени во рамките на проектот:
- Спроведување истражување за утврдување на партнерите на ИДСЦС во Грција и Бугарија
- Информирање на релевантни државни и недржавни чинители во земјите-учеснички на проектот и формирање на главниот тим на експерти со конкретни временски рокови за спроведување на активностите.
- Анализирање на влијанието на билатералните договори врз процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и идентификување на воспоставените структури за нивна имплементација
- Спроведување работилници во Скопје, Атина и Софија
- Подготовка на документ каде што ќе бидат инкорпорирани инпутите од трите работилници во Скопје, Атина и Софија и формулирање препораки за владата на Северна Македонија за спроведување на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа со Грција и од Договорот со Бугарија.
Период на имплементација: 05.02.2024 до 15.12.2024
Одобрен фонд на средства: 24.873 ЕУР
Донатор: Германско друштво за интернационална соработка (ГИЗ)