Отворениот повик за експерт за управување со кризи – продолжување на работата на Собранието на Република Северна Македонија во услови на криза, e во рамки на Програмата за парламентарна поддршка – финансирана Швајцарска агенција за развој и соработка преку Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, а имплементиран од Национален демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) и Центар за управување со промени (ЦУП).
Делокруг на работа
- Анализа на правната и институционалната поставеност на системот на управување со кризи во Собранието, и идентификација на системските празнини и предизвици.
- Изработка на прирачник за собраниската служба;
- Обука со собраниската служба;
- Креирање на план за продолжување на работaта за собраниската служба – креиран од добавувачот во соработка со собраниската служба;
- Симулациска вежба – тестирање на креираниот план, посочување на препораки за подобрување на планот;
- Надградба на планот врз основа на препораките;
- Учество на состаноци организирани од проектниот тим, по претходна координација со проектниот тим;
- Тековно советување на проектниот тим.
Сите активности ќе бидат имплементирани во координација со проектниот тим на ИДСЦС. Работни јазици на овој ангажман се македонски и англиски јазик.
Испораки
- Развивање на програма и прирачник за управување со кризи во Собранието врз база спроведената анализа и консултации со собраниската служба;
- Развивање и спроведување на тренинзи за управување со кризи во Собранието за собраниската служба;
- Развивање на план за континуитет на работata за собраниската служба – креиран од добавувачот во соработка со собраниската служба;
- Спроведување на симулациска вежба – тестирање на креираниот план;
- Надградба на планот и негово финализирање врз основа на препораките произлезени во симулациската вежба.
Исполнувањето на испораките и работниот ангажман ќе се евидентира во формат зададен од нарачателот за периодот за кој е ангажиран добавувачот.
Временска рамка
Периодот предвиден за реализирање на испораките: март – декември 2024.
Потребни документи
За правни лица
- Тековна состојба од Централен регистар на Р. Северна Македонија
- Референтна листа на претходни слични ангажмани на предложениот експерт
- CV (професионално резиме) на експертот во ЕУ формат
- Понуда и финансиски предлог (програмата е ослободена од ДДВ).
За физички лица
- Референтна листа на претходни слични ангажмани
- CV (професионално резиме) на експертот во ЕУ формат
- Понуда и финансиски предлог (програмата е ослободена од ДДВ).
Достава на апликација
Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: експерт за управување со кризи – продолжување на работата на Собранието во услови на криза, не подоцна од 8 март 2024 година, 23:59 часот. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Целиот повик можете да го погледнете тука:
Повик за експерт за управување со кризи